Остани во контакт со клиентите
Создај краток линк што клиентите ќе можат да го користат за да започнат разговор со тебе на WhatsApp. Сподели го линкот преку е-пошта, твојот веб-сајт, Facebook-страница или кои било други често употребувани канали.
Како членови на заедниците на кои им пружате услуги, управувањето со бизнисот може да стане уште поголем предизвик во овој период на зголемена несигурност и изолација. Поврзи се со клиентите преку WhatsApp—истата алатка која веќе ја користат за да останат во контакт со пријателите и роднините.
Користи ја WhatsApp одговорно кога комуницираш со клиентите. Комуницирај само со корисниците што ги познаваш и оние кои сакаат да примаат пораки од тебе, побарај од клиентите да го зачуваат твојот телефонски број во нивниот именик и да избегнуваат испраќање автоматизирани или промотивни пораки во групите. Непочитувањето на овие препорачани едноставни практики може да доведе до поплаки од други корисници и евентуално блокирање на сметката.
За најдобро управување со повеќе прашања, објавување корисни информации на бизнис-профилот и споделување детали за твоите услуги во каталог, препорачуваме користење на апликацијата WhatsApp Business, која е бесплатна за преземање. Кликни тука за детално упатство за користењето на апликацијата WhatsApp Business. Ако треба да ја преместиш сметката од WhatsApp Messenger во апликацијата WhatsApp Business, кликни тука.
Преземи за твојот телефон
Создај краток линк што клиентите ќе можат да го користат за да започнат разговор со тебе на WhatsApp. Сподели го линкот преку е-пошта, твојот веб-сајт, Facebook-страница или кои било други често употребувани канали.
Проверувај дали клиентите се информирани за измените на твоето работно време. Користи го бизнис-профилот за да ги прикажуваш деновите и термините кога бизнисот е отворен.
Споделувај што е достапно со клиентите во реално време. Користи групи за да се поврзеш со најважните клиенти и ажурирај го каталогот за клиентите лесно да можат да видат што има на залиха.
Користи шифрирани видео и гласовни повици за да се поврзеш со клиентите и да им ја пружиш истата услуга што се навикнати да ја добиваат лично.
Како што сообраќајот и посетите во продавниците се намалуваат, преземањата и испораките може да се зголемат. Вклучи ја фунцијата за локација во живо на WhatsApp кога се приближуваш до адреса за испорака. Оваа функција ја споделува твојата локација со клиентите и овозможува брза и едноставна размена.
Се навикна клиентите да се воодушевуваат секој пат кога ќе ја посетат твојата продавница? Овозможи им виртуелна обиколка со нов статус.
Користи групии групни видеоповици за да соработуваш на далечина.
Ако имаш прашања поврзани со Информативниот центар за коронавирус на WhatsApp, контактирај нѐ.