Како WhatsApp може да ви помогне да останете поврзани за време на пандемијата на коронавирус (КОВИД-19)
Просветни работници
Без разлика дали предаваш во училиште или на универзитет, размисли за интеракција со учениците преку WhatsApp ако предавањата се нарушени.*
Користи ја WhatsApp одговорно кога комуницираш со клиентите. Комуницирај само со корисниците што ги познаваш и оние кои сакаат да примаат пораки од тебе, побарај од клиентите да го зачуваат твојот телефонски број во нивниот именик и да избегнуваат испраќање автоматизирани или промотивни пораки во групите. Непочитувањето на овие препорачани едноставни практики може да доведе до поплаки од други корисници и евентуално блокирање на сметката.
Ако си првпат на WhatsApp, кликни тука за детално упатство како да започнеш.
Остани во контакт со учениците
Ако ги немаш телефонските броеви на учениците, создај универзален линк што ќе можат да го користат за да започнат разговор со тебе на WhatsApp. Сподели го линкот преку е-пошта, Facebook-страница или кој било друг канал што не е јавен.
Држи предавања преку WhatsApp
Држи предавања во форма на текст и на гласовни пораки. Олесни ги дискусиите меѓу учениците, исто како со лично присуство, со создавање група за секое одделение засебно.
Испраќај и примај задачи
Користи емитувачки листи за да доделиш домашна работа на повеќе ученици истовремено. Емитуваната порака ќе ја добијат само контактите што те додале во именикот на телефонот. Одговорите ќе пристигаат само до тебе, така што учениците ќе можат да одговараат со нивните завршени задачи.
Одржувај го интересот на учениците
Овозможи им на учениците да ѕирнат зад сцената на твојот ден со објавување нови статуси.
Испраќај пораки од компјутерот
Користи WhatsApp Web за управување со голем број WhatsApp-пораки брзо и ефикасно од десктоп.
*WhatsApp може да се користи само во согласност со важечките закони и Условите на користење на WhatsApp, вклучувајќи ја минималната потребна возраст за користење на нашите услуги. Не охрабрувај ги учениците или други лица да користат WhatsApp ако се под минималната потребна возраст, и не барај од нив задолжително да ја користат WhatsApp.
Ако имаш прашања поврзани со Информативниот центар за коронавирус на WhatsApp, контактирај нѐ.