1. Преземи и стартувај ја апликацијата WhatsApp Business: Апликацијата WhatsApp Business е бесплатна за преземање во Google Play Store и во Apple App Store. Допри врз иконата на WhatsApp Business на почетниот екран.
2. Прегледај ги условите на користење: Прочитај ги условите на користење на WhatsApp Business, а потоа допри на Прифати и на Продолжи за да ги прифатиш условите.
3. Регистрирај се: Избери ја својата држава од паѓачкиот список за да го додадеш кодот на државата, а потоа внеси го телефонскиот број во формат на меѓународен телефонски број. Допри на Готово или на Следно, а потоа допри на Во ред за да добиеш 6-цифрен код за регистрација преку СМС или преку телефонски повик. За да ја завршиш регистрацијата, внеси го 6-цифрениот код. Дознај како да го регистрираш телефонскиот број во овој напис.
4. Дозволи пристап до контактите и фотографиите: Контактите може да се додадат на WhatsApp од именикот на телефонот. Може да дозволиш пристап и до фотографиите, видеата и датотеките на телефонот.
5. Создај сметка: Пополни го името на бизнисот, избери категорија на бизнис и постави фотографија на профилот.
6. Изгради го бизнис-профилот: Допри на РАЗГЛЕДАЈ > Бизнис-профил. Тука може да додадеш важни податоци за бизнисот, како што се адресата, описот, работното време и друго.
7. Започни разговор. Бизнис-профилот е поставен. Допри на или на ,а потоа побарај или избери контакт за да му испратиш порака. Внеси ја пораката во полето за текст. Потоа, допри на или на .
Апликацијата WhatsApp Business има повеќе алатки што помагаат за поефикасно водење на бизнисот. За да ги разгледаш алатките, појди во екранот со разговорите. Допри на Повеќе опциина Android или на Поставки на iPhone. Потоа, допри на Бизнис-алатки.