1. Преземи и стартувај ја апликацијата: Преземи ја WhatsApp Messenger бесплатно од Google Play Store или од Apple App Store. За да ја отвориш апликацијата, допри на иконата WhatsApp на почетниот екран.
2. Прегледај ги Условите на користење: Прочитај ги Условите на користење и Политиката за приватност, а потоа допри на Прифати и продолжи за да ги прифатиш условите.
3. Регистрирај се: Избери ја својата држава од паѓачкиот список за да го додадеш кодот на државата, а потоа внеси го телефонскиот број во формат на меѓународен телефонски број. Допри на Готово или на Следно, а потоа допри на Во ред за да добиеш 6-цифрен код за регистрација преку СМС или преку телефонски повик. За да ја завршиш регистрацијата, внеси го 6-цифрениот код. Дознај како да го регистрираш телефонскиот број на Android, iPhone или на KaiOS.
4. Постави го профилот: Во новиот профил, внеси го името, а потоа допри на Следно. Може да додадеш и фотографија на профилот.
5. Дозволи пристап до контактите и фотографиите: Контактите може да се додадат на WhatsApp од именикот на телефонот. Може да дозволиш пристап и до фотографиите, видеата и датотеките на телефонот.
6. Започни разговор: Допри на или на , а потоа побарај контакт за да започнеш. Внеси ја пораката во полето за текст. За да испраќаш фотографии и видеа, допри на или на до полето за текст. Избери Камера за да направиш нова фотографија или да снимиш видео, или на Галерија или Збирка со фотографии и видеаза да избереш постоечка фотографија или видео од телефонот. Потоа, допри на или на .
7. Создај група: Може да создадеш група со максимум 256 учесници. Допри на или на , а потоа на Нова група. Барај или избери контакти за да ги додадеш во групата, а потоа допри на Следно. Внеси наслов на групата и допри на или на Создај.
Приспособи ги функциите за приватност и безбедност
WhatsApp ти олеснува да ги разбереш и да ги приспособиш приватноста и безбедноста. Дознај повеќе на нашата страница за приватност.
Провери ја веродостојноста на информациите што ги добиваш
Размисли дали пораките што ги добиваш се точни бидејќи не е вистинито сѐ што ќе слушнеш. Ако не знаеш кој ја испратил пораката што ти стигнала, ти препорачуваме да ја провериш веродостојноста на информацијата во организации за проверка на факти. Дознај повеќе како да го спречиш ширењето на дезинформации во овој напис.
Препратени пораки
За да го спречиш ширењето на дезинформации, го ограничуваме препраќањето пораки. Може лесно да ги препознаеш препратените пораки бидејќи имаат етикета Препратено . Кога пораката е препратена од еден на друг корисник повеќе пати, означена е со икона со двојна стрелка . Може да дознаеш за ограничувањето за препраќање пораки во овој напис.