Здравствени работници
Во овој период на зголемена неизвесност и изолација, можеш да се поврзеш со пациентите и колегите на WhatsApp—истата алатка што веќе ја користат за да останат во контакт со пријателите и роднините.
Користи го WhatsApp одговорно кога комуницираш со клиентите. Комуницирај само со корисниците што ги познаваш и оние кои сакаат да примаат пораки од тебе, побарај од клиентите да го зачуваат твојот телефонски број во нивниот адресар и да избегнуваат испраќање автоматизирани или промотивни пораки во групите. Непочитувањето на овие препорачани едноставни практики може да доведе до поплаки од други корисници и евентуално блокирање на сметката.
За најдобро управување со повеќе прашања, објавување корисни информации, како што е работното време, и зачувување на често користените одговори, препорачуваме користење на апликацијата WhatsApp Business, која е бесплатна за преземање. Кликни тука за детално упатство за користењето на апликацијата WhatsApp Business. Ако треба да ја преместиш сметката од WhatsApp Messenger во апликацијата WhatsApp Business, кликни тука.
Преземи за твојот телефон
*Секој корисник на WhatsApp е должен да ја користи WhatsApp во согласност со важечките закони, вклучувајќи ги и законите за приватност и безбедност на здравствените податоци. WhatsApp не организира, ниту пружа здравствени услуги, така што не можеш да тврдиш дека WhatsApp е поврзана со твоите здравствени практики. WhatsApp не е замена за лични здравствени консултации со пациенти или за лекување на состојби што бараат итна медицинска помош, и не треба да се користи како регулиран медицински уред.