1. Создај резервна копија на сметката на WhatsApp Messenger: Ако преместуваш сметка од WhatsApp Messenger на WhatsApp Business, ти препорачуваме да си направиш резервна копија. Ако не направиш резервна копија, може да ја изгубиш историјата на разговори. Отвори ја WhatsApp Messenger. На Android, допри на , па потоа на Поставки . На iPhone, допри на Поставки од екранот со разговорите. Во Поставки, допри на Разговори, па на Историја на разговори, а потоа на Резервна копија или Создај резервна копија сега. Штом ќе се создаде резервната копија, продолжи со следниот чекор.
2. Преземи и стартувај ја апликацијата WhatsApp Business: Апликацијата WhatsApp Business е бесплатна за преземање во Google Play Store и во Apple App Store. Допри на иконата на WhatsApp Business на почетниот екран.
3. Прегледај ги условите на користење: Прочитај ги условите на користење на WhatsApp Business, а потоа допри на Прифати и на Продолжи за да ги прифатиш условите.
4. Регистрирај се: WhatsApp Business автоматски го препознава бројот што го користиш на WhatsApp Messenger. За да продолжиш, допри на опцијата со бројот на бизнисот.
5. Премести ја сметката: Нека остане отворена апликацијата WhatsApp Business и нека остане вклучен телефонот сѐ додека не заврши процесот на пренос на сметката. Иако преносот е автоматски, може да биде побарано да вратиш од резервната копија. Допри на Продолжи или на Врати. Потоа, допри на Следно ако е побарано.
6. Дозволи пристап до контактите и фотографиите: Контактите може да се додадат на WhatsApp од именикот на телефонот. Може да дозволиш пристап и до фотографиите, видеата и датотеките на телефонот.
7. Создај сметка: Пополни го името на бизнисот, избери категорија на бизнис и постави фотографија на профилот.
8. Изгради го бизнис-профилот: Допри на РАЗГЛЕДАЈ > Бизнис-профил. Тука може да додадеш важни податоци за бизнисот, како што се адресата, описот, работното време и друго.
9. Започни разговор. Бизнис-профилот е поставен. Допри на или на ,а потоа побарај или избери контакт за да му испратиш порака. Внеси ја пораката во полето за текст. Потоа, допри на или на .
Апликацијата WhatsApp Business има повеќе алатки што помагаат за поефикасно водење на бизнисот. За да ги разгледаш алатките, појди во екранот со разговорите. Допри на Повеќе опциина Android или на Поставки на iPhone. Потоа, допри на Бизнис-алатки.