Поврзи се од далечина
Користи ги функциите на WhatsApp, како што се групите, гласовните и видеоповиците за да останеш во контакт и да им пружиш поддршка на саканите и покрај тоа што не можете да бидете заедно.
WhatsApp ти помага да се поврзеш со оние кои ти се најважни. Еве неколку од начините на кои можеш да ја користиш WhatsApp за да се грижиш за пријателите и роднините, да бидеш во тек со најновите официјални здравствени информации и одговорно да споделуваш информации. Ако си првпат на WhatsApp или само ти треба потсетување, еве детално упатство како да започнеш.
Користи ги функциите на WhatsApp, како што се групите, гласовните и видеоповиците за да останеш во контакт и да им пружиш поддршка на саканите и покрај тоа што не можете да бидете заедно.
Поврзи се со локални, национални и глобални организации. Обрати се до доверливи извори, како што се Светската здравствена организација или Министерството за здравство во твојата држава, за најновите информации и упатства.
Размисли за пораките што ги примаш бидејќи некои информации во врска со коронавирусот може да не се точни. Потврди ги фактите од други доверливи официјални извори, проверувачи на факти или преку чет-ботот за проверка на факти на Меѓународната мрежа за проверка на факти (IFCN) на +1 (727) 2912606. Ако не знаеш дали некоја информација е точна, не препраќај ја.
Посветени сме на обезбедување поддршка на лидерите во заедницата додека се соочуваат со овој предизвик. Дознај како можеш да ја користиш WhatsApp за информирање и одржување контакт со заедницата додека постои загриженост за коронавирусот.
Дознај како можеш да се поврзеш со пациентите, да ја информираш заедницата, да држиш конференции од далечина, да поставиш брзи одговори на често поставуваните прашања и друго.
Дознај како да се поврзеш со учениците на WhatsApp, да испраќаш и примаш задачи, да споделуваш лекции во форма на текст и гласовни пораки и друго.
Претстави ја организацијата, остани во контакт со заедницата, споделувај точни и навремени информации, координирај со тимот, брзо одговарај на честите прашања и друго.
Најди повеќе начини да останеш во контакт со муштериите, да го споделуваш тековното работно време, да ја зголемиш ефикасноста на преземањата и испораките, да обезбедиш редовни ажурирања на залихите и друго.
Погледни како луѓето ја користат WhatsApp за да се поврзат со нивните заедници во ова тешко време:
Во Пакистан, една WhatsApp-група собра 21 милион пакистански рупии за поддршка на најранливите групи во земјата кои тонат во сиромаштија: Прочитај го написот тука >
Група италијански градоначалници одржува контакт преку WhatsApp: Прочитај го написот тука >
Основните училишта во Неапол, Италија, го продолжуваат образованието и покрај затворањето, користејќи WhatsApp за да им достават задачи на семејствата: Прочитај го написот тука >
Човек во Хонг Конг користи WhatsApp за да ја мобилизира заедницата за поддршка на локалните бизниси: Прочитај го написот тука >
Програмата за зајакнување на вработувањето во Јордан користи WhatsApp за да ги мотивира жените да најдат работа за време на коронавирусот: Прочитај го написот тука >
Медицинските професионалци во Париз формираат WhatsApp-група за да ги добијат најновите податоци за капацитетите на болниците: Прочитај го написот тука >
Властите во Коимбаторе, Индија, одржуваат состаноци преку WhatsApp: Прочитај го написот тука >
Наставниците во бегалските кампови во Сирија споделуваат видеолекции со родителите на WhatsApp: Прочитај го написот тука >
Луѓето што се спасиле од ропство во Индија користат WhatsApp-групи за да ја подигнат свеста за коронавирусот кај нивните сонародници: Прочитај го написот тука >
Пациентите во Флоријанополис, Бразил, можат да закажуваат прегледи и да поставуваат прашања преку WhatsApp: Прочитај го написот тука >